Ципрас: Србија ја има клучната улога на Балканот
Србија ја има клучната улога на поширокиот Балкан и затоа посакувано е, пред се за стабилноста и развојот на регионот, оваа земја да стане полноправна членка на европското семејство, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во пресрет на посетата на Белград.
- Грција и натаму се залага активно да ја поддржува Србија на нејзиниот пат за влез во ЕУ, сметајќи дека тоа ќе биде првиот чекор во двострана корист, рече Ципрас во интервју за „Политика“.
Претседателот на грчката Влада укажува дека доколку ЕУ не може да создаде конкретна стратегија за Балканот, источниот Медитеран и поширокиот регион, тогаш не може да пронајде решение ниту за самата себе.
Ципрас утре доаѓа во дводневна посета на Србија, што ќе биде првата посета на еден грчки премиер по седум години, иако тој во Србија беше и во декември 2014 година, но како лидер на Сириза.
Во текот на посетата Ципрас со српското раководство ќе разговара за многу значајни прашања, а едно од нив е и натамошно засилување на билатералната економска соработка, односно во текот на средбите ќе биде организиран и српско-грчки бизнис форум со учество на повеќе од 70 грчки фирми.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка