Македонија
22. јуни 2017 - 17:37

Ципрас: Поготвени сме за блиска соработка со новата Влада

 Премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас, денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод преземањето на премиерската должност, информира владината прес-служба.

- По повод преземањето на Вашите должности како Премиер, ви изразувам честитки и најдобри желби за успех. Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба, стои во честитката.

Ципрас, воедно, очекува од новата Влада да покаже политичка решителност да работи на промоција на позитивна агенда во билатералните односи.

- Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.