Балкан
22. September 2015 - 16:44

Ципрас по втор пат даде заклетва - Приоритет економската криза

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, кој синоќа вторпат годинава положи заклетва како премиер на Грција, истакна дека клучната обврска на неговата влада ќе биде да ја извади земјата петгодишната економска криза.

Иако претходно беше најавено дека Ципрас веќе го има составено неговиот кабинет и оти новата влада денеска ќе положи заклетва, изледа дека премиерот се соочува со пречки при назначувањето на некои министри.

Според партиски извори, Ципрас се надевал дека Еуклид Цакалотос повторно ќе биде министер за финансии, но се уште се обидува да го убеди да ја прифати функцијата. Цакалотос, кој ги импресионираше колегите од еврозоната со  конструктивниот приод во преговорите за финансиска помош кога Јанис Варуфакис поднесе оставка, се двоуми дали повторно да ја преземе функцијата.

Во меѓувреме, пратеникот на Сириза Никос Вуцис соопшти дека составот на новата влада, која ќе има од 25 до 27 министри, ќе биде објавен до вечерва и оти нема да има драстични промени.

Од друга страна, најголемата опозициска партија во Грција, Нова демокатија, која годинава претрпе три порази, еднаш на изборите во јануари, потоа на референдумот кога барашае од граѓаните да кажат „да“ на договорот со кредиторите и сега на изборите во недела, се подготвува за избор на нов лидер. Партиски извори соопштија дека Вангелос Меимаракис, може повторно да се кандидира за лидер на партијата.

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис варуфакис, во колумна за гардијан напиша дека најголем победник на изборите во Грција се тројката меѓународни кредитори затоа што сега во Парламентот Сириза лесно ќе ги усвојува законите и мерките за штедење што Ципрас ги договорл со тројката. Сепак Варуфакис се сомнева дека Ципрас ќе ја реализира фискалната и реформска политика, затоа што однапред било планирано таа да не успее.