Македонија
17. October 2017 - 16:54

Ципрас на средба со Доналд Трамп, Заев очекува решавање на спорот со Грција

Премиерот Заев по локалните избори очекува на дневен ред да дојде и решавањето на спорот со името. Тој порача дека макаедонската страна е отворена за нови предлози и сугестии, но одлуките ке се донесуваат на транспарентен и инсклузивен начи. Уште во ноември по изборите го повикав преговарачот Нимиц да дојде со нови предлози, идеи и со можни решенија и би ја повикал опозицијата да учествува во функција на решавање на ова прашање, а не на негово одложување, истакна премиерот. Според Заев охрабрувачки е тоа што  односите со Атина  се подобрени во периодот по формирањето на Владата.

– Градењето на пријателството со Грција што го имавме сите овие месеци наназад дополнително мене лично и другите министри во Владата нè охрабрува за решавање на овој проблем, притоа внимавајќи на нашата поставеност во поглед на наоѓањето решение. Сигурен сум дека по изборите ќе има попрецизни и поконкретни стратегии и правци, но сигурен сум и дека ќе се разговара за решавање на овој проблем – подвлече Заев.

И грчкиот премиер Ципрас  неколку часа пред средбата со американскиот престедател  во гвоорт од Чикаго порача

Грција има активна улога во политиката за решавање на спорот со името со Фиром,  врз база на взаемно прифатливо решение со цел да се отвори патот кон евро-атлантската перспектива.

Не е исклучена можноста дека тој  на средбата со Трамп мегу другото ќе разговара  и за прашањето за името.

Јоргос Кумуцакос, пратеникот на Нова Демократија,  задолжен за  надворешни работи, очекува Ципрас во  САД  да  обезбеди добра позиција во преговорите за  решавањето на деценискиот спор со Скопје, но и со Турција за кипарскиот проблем

Тој и порача на грчката влада да не прави отстапки туку прво да се реши името, а потоа земјата да добие зелено светло за членство во НАТО и ЕУ