Македонија
12. January 2018 - 11:39

Ципрас му одговори на архиепископот на ГПЦ за Македонија

Државата е уставно одговорна за управување со националните прашања, му напиша грчкиот премиер Алексис Ципрас на поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос и додава дека секогаш се отворени вратите за дијалог, а црквата, колку што може, да придонесе за Грција „во духот на единството и рационалноста, без грешките од минатото, успешно да се справи со прашањето во односите со ПЈРМ“.

Грчкиот премиер, му одговори на поглаварот на ГПЦ и рече дека сериозно ќе ги земе предвид црковните аспекти на проблемот.

„Се надевам дека ќе придонесете Грција успешно да се соочи со проблемот без потпаднување во проблеми од минатото“, напиша Ципрас во писмото до поглаварот на Грчката црква, Јеронимос.

Во средата ГПЦ наведе дека се противи на секаков вид компромис кој го вклучува називот Македонија, кој го носи и една грчка покраина.