Свет
15. December 2017 - 9:24

Ципрас, Меркел, Јункер и Борисов на средба во Брисел за односите меѓу ЕУ и Турција

Во Брисел, во рамки на вториот ден од работата на Европскиот совет, денеска ќе се одржи средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската комисијата Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавија грчки електронски изданија.

На средбата, четворицата ќе лидери ќе разговараат за односите меѓу ЕУ и Турција и проблемот со бегалците. 

Ципрас вчера го поздрави фактот што Европската унија, особено Германија и Бугарија, одговорија на Турција во врска со барањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за ревизија на Лозанскиот договор.