Македонија
1. October 2015 - 13:37

Ципрас и со Кери разговарал за името на Република Македонија

Проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија, била една од темите за кои синоќа во Њујорк разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и американскиот државен секретар Џон Кери.

- Ципрас ја истакна намерата на грчката Влада за решавање на прашањето за името со сложено име со географска одредница за севкупна употреба, како и потребата да се покаже соодветна намера од страна на ПЈРМ, соопшти кабинетот на грчкиот премиер.

На средбата присуствувал и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Како што јави претходно МИА, Ципрас во Њујорк се сретна и со генералниот секретар на ОН Бан Ки мун, со кого исто така, размениле мислења за можностите за решавање на проблемот со името.