Кошарка
15. October 2017 - 10:40

Цибона по продолжение ја победи Цедевита

 
 
 
 Хрватското дерби во регионалната кошаркарска АБА лига меѓу Цибона и Цедевита му припадна на домаќинот по продолжението. 
 
Дуелот од 4.коло одигран синоќа беше решен по дополнителните пет минути. Откако регуларните 40-минути завршија со нерешен резултат 76-76, во продолжението кошаркарите на Цибона беа поконцентрирани, но имаа и повеќе среќа од играчите на Цедевита, па дополнителните 5.минути ги решија во своја полза со 24:18, за конечна победа со 100-94 . 
 
Во двата натпревари од оваа рунда одиграни претходно, Партизан славеше на гостувањето кај Задар со 104-97, а тимор на ФМП како гости го победи Морнар со 81-73. 
 
Денеска во АБА лигата ќе се одиграат две средби, Мега - Петрол Олимпија и Црвена звезда – Будуќност, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот меѓу Игокеа и МЗТ Скопје.