Живот
11. August 2017 - 20:11

Чуварка во затвор праќала експлицитни пораки на опасен затвореник: Била опседната со него, а сега ќе мора во затвор

Една чуварка во затвор е осудена на затворска казна затоа што разменила повеќе од 850 пораки со затвореник во институција за млади престапници.

27 годишната Челси Блеквел 115 пати го барала 22 годишниот Емануел Календер-СКот, затвореник во институција за млади престапници во Ајлесбјури, а некои од тие повици траеле и повеќе од 2 часа.

Дури пробувала и да го побара откако неговиот телефон бил запленет при претрес на ќелијата, пренесува Дејли Мејл.

Блеквел добила затворска казна од осум месеци откако признала се што имало во нејзиното обвинение.

Момчето со кое комуницирала издржувал затворска казна од седум години затоа избодел велосипедист и руски турист во Лондон.

Покрај повиците и пораките, во неговата ќелија биле пронајдени и четири писма која му ги праќала чуварката.

Обвинителот Ричард Мендел кажа дека ќелијата на младиот затвореник бил пребарана и пронајден бил мобилен телефон и неколку писма.

Тој истакна дека потоа била пребарана и куќата на Челси Блеквел и дека пронајдени се исти предмети.

Таа прво негирала било какво кривично дело, но доказите биле силни, па на крајот ја признала вината.

Судијата кажа дека вакво нејзино однесување е неприфатливо и дека оваа казна треба да покаже дека слични ситуации нема да бидат толерирани. Истакна дека ваквото однесување во прашање ја доведува добрата работа и може да направи простор за корупција.