Живот
19. July 2015 - 10:21

Чудо на животот: Се породи во автомобил во движење

Бремена жена од Тексас се породи во автомобил додека била на пат кон болницата во Хјустон. Видеото го снимил нејзиниот сопруг, додека го возел автомобилот.

Додека викаше од болки, жената видела дека на свет доаѓа бебето па се соблекла за да може да го роди.

- Тој се роди во автомобилот. О господе, што убав си, рекла жената за бебето. Новороденчето е трето дете на оваа американска двојка.