Кошарка
17. August 2017 - 19:05

Чомагиќ го продолжи договорот со Карпош Соколи

 
 Српскиот кошаркарски интернационалец, Жарко Чомагиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Карпош Соколи, откако го продолжи договорот со актуелниот победник во Купот на Македонија и вицешампион во домашното првенство.
 
Станува збор за исклучително искусен кошаркар, кој пред да дојде во таборот на „соколите“ настапуваше за романскиот прволигаш Орадеа, ОКК Београд како и за Војводина, Познањ, Торун (Полска) и Фалко Тренд-оптика од Унгарија. Првите кошаркарски чекори 31-годишниот Чомагиќ ги има направено во САД и тоа во редовите на Универзитетот Северна Аризона.
 
Инаку, Карпош Соколи завчера почна со подготовките за новата сезона, во следните денови играчите ќе минат низ задолжителните лекарски прегледи, а се очекува в понеделник тренерот Борче Даскаловски да ги има на располагање и играчите од репрезентацијата, пред се ново ангажираните Кирил Николовски и Стојан Ѓуроски.