Македонија
5. May 2016 - 19:42

Членовите на ДИК ги обвинија стручните служби за неажурност

Членовите на државната изборна комисија ги обвинија службите на комисијата затоа што не им доставиле комплетна документација за вработените во државната администрација кои не прифатиле да членуваат во Општинските изборни комисии.

Тоа ја одложи денешната седница, затоа што денес требаше да се разгледуваат токму тие барања.Во истовреме, ДИК и замери на администрацијата затоа што ненавремено ги доставила пречистените податоци од избирачкиот список до странските експерти, кои издадоа извештај за прогресот во кој не биле внесени последните податоци.Бонева побара да се достави барање до МВР да провери уште 4,000 записи за кои се знае дека се конзистентни, но има сомнеж дека граѓаните ги промениле адресите. Како што рече, со овој предлог би се провериле буквално сите записи и така би се тргнал секаков сомнеж за избирачкиот список.

Нејзиниот предлог беше оставен за наредната седница. И овој пат членовите од СДСМ не присуствуваа на седницата, претходно му најавиле на претседателот на ДИК Александар Чичаковски дека ќе бидат во просториите на комисијата но нема да присуствуваат на седницата.