Македонија
7. November 2016 - 17:08

Членови на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СЈО врши притисок врз нив пред изборите

Членови на ВМРО ДПМНЕ биле повикувани во СЈО, и врз нив се вршел притисок да одговорат дали се членови на владејачката партија и дали давале донации на партијата. На овој начи СЈО  уште еднаш потврдува дека е продолжена рака на СДСМ, и има за цел заплашување членови на ВМРО – ДПМНЕ во пресрет на претстојните парламентарни избори.

Дел од граѓаните кои биле повикани во СЈО, сведочат за начинот на кој биле третирани.

Претходно, членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошевски објави дека овој период СЈО повикувало членови и активисти на патијата да дадат исказ и им вшело притисок.

Сител ТВ се обиде да добие одговор на прашањата дали СЈО отворило истрага за финансирањето на СДСМ и дали досега има повикано членови на оваа партија на распит. До 16.00 часот одговор на овие прашања се уште нема.