Македонија
6. November 2015 - 15:14

Членови на Европскиот парламент ја посетија општината Чаир

Членовите на Европскиот парламент, Ребека Хармс, Игор Шолтс, Роберт Година и Ане Тиделман, претставници на партиите на „зелените“ од Словенија, Германија и Шведска денеска ја посетија Општина Чаир .

Во рамки на нивната посета европратениците остварија средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој ги презентираше тековните проекти и развојните планови на општината.

Европратениците го поздравија отворањето на канцеларијата на општина Чаир во Брисел, реализирана при последната посета на градоначалникот Меџити на европската престолнина, преку која општината полесно ќе ги промовира проектите и своите потенцијали.

Гостите од Брисел, како што е наведебо во соопштението од општина Чаир, покажале интерес и за актуелните политички случувања во земјата, при што заеднички бил поздравен позитивниот резултат постигнат во преговорите на политичките лидери околу имплементација на договорот од Пржино.