Македонија
2. January 2017 - 12:55

Чистењето оџак за стружанец заврши фатално

На 01.01.2017 година околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.