ЧИСТА ЉУБОВ

Loading Video...

ЧИСТА ЉУБОВ, серијата која со успех се прикажува во регионот, наскоро ќе биде дел и од редовната програма на Сител Телевизија. Тргнувајќи од позицијата да се обезбеди програма која ќе биде рамо до рамо со најдобрите телевизиски серијали и стандардите што во овој правец ги има поставено ТВ Сител и публиката во Македонија,се дојде до програма која е вистински телевизиски магнет, и е чекор понапред во однос на претходните телевизиски остварувања во делот на играната програма. 

ЧИСТА ЉУБОВ е семејна драма која на извонредно возбудлив начин навлегува и во аномалиите на општеството. Сепак,  главната приказна се одвива околу самохраниот татко Томо, чија петгодишна ќерка секојдневно го чека враќањето на својата мајка, која пак безчуствиетелно го има оставено своето семејство да се надева дека еден ден таа повторно ќе биде со нив. Томо, кој пак и самиот е израснат без родителска грижа, поради погибијата на неговите татко и мајка, единствената потпора ја има во ликот на својата сестра, со која заедно биле во домот за деца без родители.

Од таму го има познанството со Ранко, негов врсник , кој уште како бебе бил оставен пред вратата на домот за деца без родители. Ранко целото свое детство, но и подоцна како возрасен, во ликот на Томо, гледа ривал, бидејќи во време на домските денови Томо постојано бил посетуван од најбогатата жена во крајот,госпоѓата Едита. Мистеријата за тие посети ја знае само сестрата Бранка, која била малку повозрасна од Томо и ја знаела врската помеѓу таткото и Едита, која според нејзе е и еднинствената виновничка што таа и нејзиниот брат остануваат сирачиња.

Ќерката на Томо, малечката Маша, боледува од астма и таа нејзина болест бара постојана грижа , која таа несебично ја добива од својот татко.Томо воедно се запознава и со Соња, за која не знае дека е идна вереничка на Ранко, а која уште со првата средба во која таа ќе покаже несебична грижа за ќерката на Томо, ќе го освои неговото срце.

Серија која плени со својата приказна, техничката поставеност, врвната актерска екипа, како и музиката, во кој дел насловниот сонг го напиша и испеа Борис Новковиќ. Која е причината поради која Томо ќе биде еден период далеку од својата ќерка?

Која е добротворката Едита?

Кој е човекот кој ќе го остави бебето Ранко на прагот од сиропиталиштето?

 Кога ќе стартува ЧИСТА ЉУБОВ?

Одговорите на сите овие прашања...НАСКОРО...во една од најуспешните серии на сите времиња.