Македонија
11. September 2017 - 16:48

Чин на замонашување во манастирот ,,Свети Јован Бигорски‘‘ на празникот на патронот

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител го одбележува отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон   великиот пророк и крстител Јован. Илјадници верници со огромна радост присуствуваа во духовното светилиште кое постојано силно сведочи за подвизите на Св. Јован Крстител и се поклонуваат пред чудотворната икона.

Синоќа на манастирската слава беше отслужена архиерејска вечерна богослужба со која чининачалствуваше митрополитот Дебарско –кичевски г.Тимотеј со игуменот на манастирот Архимандрит Партениј, каде бiгорското братство се збогати со уште еден монах добивајќи го името Антониј.

Традиционално, по повод патронот верници од сите делови на државава вчера и денес го прополнија Бигорскиот манастир кој од неговото основање до денес ја продолжува мисијата да биде еден духовен центар за пошироките краишта.