Тенис
30. October 2016 - 19:02

Чилиќ го освои Базел

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ успеа да триумфира во финалето на турнирот во Базел. Тој со 2-0 во сетови го победи Кеи Нишикори што за него беше 16.та титула во кариерата.

Чилиќ првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во следниот се водеше голема борба. Најпрвин Чилиќ имаше три брејк топки, кои не ги искористи, а потоа Нишикори имаше три сет топки. Во тај брекот Чилиќ беше подобар со 7:5 на поени.
Хрватот е на чекор до најдобрите осум на АТП листата бидејќи од утре ќе биде број 9 што значи на чекор до учество ан завршниот Мастерс.