Македонија
21. February 2016 - 16:09

Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ

Ниту со полиција денеска не може да се пронајде првиот човек на ДИК, Александар Чичаковски. Десетици телефонски повици и неколку СМС пораки не беа доволни претседателот на ДИК да одговори дали и кога ќе ја закаже седницата на Државната Изборна Комисија која утринава ја побара владејачката партија?

Вистинска потрага по Чичаковски од утрово водат и членовите на ДИК но Чичаковски и натаму се крие и одбива да се појави на работното место за кое граѓаните секој месец му даваат плата.

Како што информираат за Сител другите членови на ДИК, Чичаковски е должен во оваа фаза кога траат последните подготовки за организирање на изборите, да се појавува и во недела на работното место. Интересно е и тоа што Чичаковски не се појавува на работа веќе подолг период. Претходниот викенд тој не можел да работи затоа што бил празник св Валентн и бил заморен па не можел да одговори на обврските.

Ваквото однесување на претседателот на ДИК само го потврдува сомнежот дека тој одработува за нечија агенда која е дијаментрално спротивна од онаа за која го плаќаат граѓаните кои во сите анкети јасно кажуваат дека сакаат брз крај на кризата со избори на 24 април.

За експертите апсурдно и неприфатливо е однесувањето на првиот човек на ДИК. Тие сметаат дека Чичаковски не е подготвен на напорна работа во интерес на граѓаните и дека веднаш треба да си поднесе оставка. Според нив, тоа што првиот човек на ДИК не е независен туку одработува во корист на Зоран Заев и СДСМ ја држи целата земја во заложништво.

Согласно уставот и законите, Чичаковски и ДИК не се тие кои треба да оценуваат дали треба да има услови за избори. Единствената задача на ДИК е да ги спроведе изборите тогаш кога собранието ќе ги закаже. Доколку ДИК нема капацитет да одговори на задачата добиена од собранието токму нејзиниот претседател е тој кој треба да си поднесе оставка.

Александар Чичаковски во ДИК дојде како така наречен независен експерт, но во неговата биографија може да се прочита дека бил дел од серија на проекти финансирани од СОРОС што го потврдува сомнежот дека работи во координација со Заев, чија единствена цел е да побегне од граѓаните и нивната оценка на изборите.