Македонија
8. October 2017 - 17:17

Чичаковски не гледа судир на интерси кај генералниот секретар на ДИК

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски нема намера да побра смена на генералниот секретар на највисокото изборно тело Добре Јанчев, чија сопруга Љубица Јанчева е втора на листата за советници на град Скопје предложена од владејачката СДСМ. Пратеничката група на ВМРОД-ПМНЕ пред двца дена побара смена на Јанечев поради судир на интерес и сомневање дека тој во независното изборно тело ќе работи во интерес на власта. Сепак, Чичаковски во последнотот свое интервју вели дека ДИК не може да постапува по ваквите сомневање бидејќи до него не е стигнат никаков приговор.

Може да истакнам дека целосно беа испочитувани законските одредби во однос на овој дел. Доколку има одредени забелешки во однос на пристрасност на постапувањето, истите треба да бидат документирани и доставени до ДИК за да може соодветно да постапиме. До моментот не се пристигнати приговори и забелешки од ваков тип, изјави Александар Чичаковски за Радио Слободна Европа

Јанечев не е единствениот случај кој го отвори опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на оваа партија побара Чичачковски и ДИК да ги разрешат претседателот на општинската комсија од Кратово Марија Петковска која била на промоција на кандидатот на СДСМ и претседателот на ОИК во Кисела Вода Томо Мојсовски за кого се појавиле фотографии од партиски активности за СДСМ.

На овие обвинувања Чичаковски одговара дека изборот на претседателите и членовите на Оштинските комисии било законско.

- Изборот и именувањето на изборната администрација, без разлика дали станува збор за членови или во општинските изборни комисии се вршат врз основа на утврдена методологија и врз основа на податоци кои ги добиваме од надлежното министерство, Министерството за информатичко општество и администрација, Државната изборна комисија и за овие избори, ја имплементира оваа методологија и изврши избор на членовите на избирачките одбори, затоа што во меѓувреме им истече мандатот, меѓутоа вршеше и надополнување на членови на општински изборни комисии на кои по различна основа им престана мандатот.

Според Изборниот законик, генералниот секретар на ДИК не смее да биде член на орган на партија и својката функција ја врши професионално со мандат од пет години. Според правилникот на ДИК, генералниот секретар с еизбира по јавен повик, а се избира преку специјално оформена Комисија за избор составена од претседателот на ДИК, потоа потпретседателот и еден од експертските членови. Потврда на изборот се прави со мнозинство гласови од Државната изборна комисија. Нема одредби за негова смена ниту во Изборниот законик, ниту во Правилникот.

Претседателите и членовите на оштинските изборни комисии, имајќи пред вид дека се дел од јавната амдинистрација, за незаконско и несовесно постапување во општинската комисија одговараат според Законот за државни службеници.