Македонија
13. January 2017 - 11:48

Четврток неработен ден

Богојавление (Водици), 19 јануари (четврток), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството, воедно, им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.