Македонија
30. March 2017 - 21:19

Четврти ден расправа во Собранието - пратениците заглавија „процедурално“/деспина

Која е цената што СДСМ треба да ја плати за да формира Влада? Ова прашање беше во фокусот на денешната конститутивна седница на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат увид во законот за употреба на јазиците, СДСМ обвинува за смислено сценарио со цел да не се формира ново парламентарно мнозинство, ДУИ потврди дека тиранската платформа мора да се спроведе во целост.

И денешната седница остана заглавена на голем број процедурални забелешки на пратениците и реплики надвор од точката на дневен ред. Дел од седницата беше посветена и на условите во студентските домови.

Пратениците и натаму се далеку од формирање на собраниската комсија за избор и именување. Конститутивната седница продолжува утре во 11 часот.