Тенис
24. February 2016 - 16:09

Четвртфинале за Ѓорческа во Италија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Италија. Таа денеска во меч од 2.коло во сингл ја победи Јелена Симиќ (24, години) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2). 

Во следното коло таа ќе игра против квалификантката Вивиен Јухазова од Словачка, која денеска ја елиминира 4.та носителка Катарина Кава од Полска со 2-0 во сетови.
Ѓорческа против словачката тенисерка ќе игра и попладнево во конкуренција на двојки. Ѓорческа и Деа Херџелас (БиХ) ќе играат против Јухазова и Кристина Ене (Романија).