Тенис
6. July 2016 - 14:35

Четвртфинале за Ѓорческа на фјучрсот во Торино

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со победите на фјучрс турнирот во Торино. Таа денеска во 2.коло ја победи полската тенисерка Магдалена Фреч со 6:3 и 6:1 во сетови.

Утре во четвртфиналето ќе игра против третата носителка Софија Шапатава од Грузија.
Ѓорческа попладнево ќе има настап и во игра на двојки каде во четвртфиналето со Далила Јакупович од Словенија ќе играат против Сара Марикони и Џесика Бертолдо од Италија.