Свет
9. February 2016 - 9:49

Четворица загинати и над 150 повредени во железничка несреќа во Германија

Четири луѓе загинаа и најмалку 150 се повредени во судир на два патнички воза во германската провинција Баварија, објавија германски медиуми.

Десетмина од повредените се во критична состојба. Дел од патниците се уште се заглавени во возовите. 

Железничката несреќа се случи утрово во реонот на градот Бад Ајблинг. 

Како резултат од директниот судир еден од возовите излетал од шините.