Македонија
13. February 2016 - 13:51

Четворица повредени во тешка сообраќајка во Тетово

Вчера околу 19,25 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, поточно во близина на село Доброште, случена била сообраќајна незгода помеѓу возило „Волксфаген Шаран“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.И. и возило „Опел Корса“ со тетовски регистерски ознаки управувано од А.З.(56). 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот И.И. и двајца сопатници од возилото „Волксваген Шаран“ Д.С. и И.С. кои биле пренесени и задржани на лекување во КЦ-Тетово.

Сопатникот на „Опел Корса“ Ш.Џ. (60) по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово бил пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.