Македонија
22. February 2017 - 9:44

Четиринаесет сообраќајки вчера во Скопје

Седум лица се здобиле со полесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Седум сообраќајки се со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 30 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло на семафор, петмина управувале возило под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и девет возачи без возачка дозвола односно нерегистрирано возило. Санкционирани се и четворица пешаци кои  сториле прекршоци по разни основи.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 86 возила.