Живот
26. September 2017 - 14:32

Четиримесечно бебе оставено во автомобил покрај автопатот, полицијата ја бара мајката

Полицијата отвори истрага откако пронајде бебе старо само 4 месеци во автомобил оставен на автопатот во Оклахома Сити,

Бебето во напуштениот автомобил први го забележале патници во едно црковно комбе кога во саботата возеле по автобатот број 40. Прво помислиле дека бебето е кукла, но потоа забележале дека се мрда и ја повикале полицијата.

Инспекторите успеале да ја лоцираат мајката на бебето, но јавно не го соопштија нејзиниот идентитет. Бебето е преземно од социјалните служби.

Полицијата верува дека бебето седело само краток период, зошто немало изгореници или други физички симптоми, аико дента кога го пронашле било сончево и многу топло.

Случајот е под истрага, но досега не е покренато обвинение, соопштија од полицијата.