Македонија
29. јуни 2017 - 9:43

Четиричасовен прекин на сообраќајот на патот Маврово – Дебар

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар на делот од селото Рајчица до Дебар денеска од 13 до 17 часот ќе биде во целосен прекин во двата правци.

Како што информираат од ЈП Македонија пат, прекинот е поради изведување градежни работи, односно асфалтирање.