Свет
19. September 2016 - 10:28

Четири партии влегуваат во новиот состав на Думата

Четири партии ќе бидат дел од новата Државна дума, се вели во првичните податоци по обработени 93 отсто гласачки ливчиња од вчерашните парламентарни избори во Русија, јави Тасс.

Партијата Единствена Русија доби 54,27 отсто гласови, Комунистичката – 13,46 отсто, Либерал-демократите – 13.25 отсто и Праведна Русија 6,17 отсто.