Четири лица тешко повредени во Скопје
Пешак, двајца возачи и сопатник се тешко повредени во три сообраќајки, а во други шест незгоди полесно се повредени девет лица, во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки е регистрирана само материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала 23 возачи за пречекорување на брзината, а единаесет исклучила од сообраќај, од кои еден за возење под дејство на алкохол, девет пред да се стекнат со право на управување и еден почетник.
Од сообраќај се исклучени 18 возила, седум технички неисправни, а единаесет нерегистрирнаи.
Санкционирани се и 86 лица зе непрописно паркирање, а со пајакот се подигнати 82 возила. Полицијата регистрирала и изрекла санкции на пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин, како и на двајца возачи за поминување на црвено светло, на тројца за неправилно престигнување и на девет за непоседување зимска опрема.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинка „Орце Николов“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација