Македонија
7. July 2016 - 16:48

Четири лица повредени во сообраќајна несреќа кај Охрид

Четворица повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид –Кичево на потегот помеѓу селата Мешеишта и Требеништа.Едно лице со повреди на главата е прфрлено во хируршкото оделение во општата болница во Охрид а останатите  во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, еден од нив со лесни телесни повреди е пуштен на домашно лекување , додека двете лица со повреди на главата и екстремитетите се задржани за понатамошно лекување и се надвор од животна опасност.

Во незгодата која што се случи рано утрово околу 8 часот учествувале џип „Порше“ со дипломатски и „Крајслер“ со американски национални ознаки како и едно товарно возило марка „Ивеко“.Моментално  се утврдуваат причините дали сообраќајката е случена во момент на претекување од страна на на возилото-џип  „Крајслер“ .

Инаку вчера на истиот пат Кичево Охрид кај Пресека се случи тешка сообраќајна незгода во која беа повредени 7 лица .