Бизнис
22. March 2016 - 14:30

Четири гранкови синдикати при ССМ потпишаа меморандум за соработка

Четири гранкови синдикати во Сојузот на синдикати на Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка и заедничко делување.

Меморандумот го потпишаа Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство и заштитните друштва (СУТКОЗ).

Целта на Меморандумот, како што беше посочено, е да се врати достоинството на синдикалното движење и неговите основни принципи. Според потписниците, потребно е единство, солидарност и воспоставување на здрав синдикализам кој ќе се бори за заштита на работничките права.

Документот е отворен за потпишување за сите синдикати кои ќе сакаат да се приклучат.