Фудбал
13. February 2016 - 12:23

Четири гола и реми на дуелот Хихон – Рајо Ваљекано

 
 Четири гола беа постигнати на мечот меѓу Спортинг Хихон и Рајо Ваљекано одигран синоќа, со кој беше отворено 24.коло во шпанската Примера, а средбата заврши без победник 2:2.
 
Дербито на колото се игра денеска од 16 часот кога на „Сантијаго Бернабеу’’ во Мадрид, ќе стартува мечот меѓу Реал и Атлетик Билбао. 
 
На другите три натпревари вечерва ќе играат: Виљареал – Малага, Валенсија – Еспањол и Депортиво Ла Коруња – Бетис.
 
Утре на програмата се останатите натпревари, а двојките се: Сосиедад – Гранада, Севиља - Лас Палмас, Еибар – Леванте, Гетафе - Атлетико Мадрид и Барселона - Селта Виго.
 
Табела: Барселона 54 бодови, Атлетико Мадрид 51, Реал Мадрид 50, Виљареал 45, Севиља 37, Атлетик Билбао 35, Селта 35...