Џет-Сет
24. August 2017 - 9:37

Четири години мислела дека татко и е починат - животната драма на српската пејачка

Пејачката Анабела Атијас неколку пати ја споделила со јавноста својата тажна приказна од времето на војната. Пејачката која веќе призна дека трпела насилство во бракот и која се разведе, раскажа и за својот татко.

Таа тогаш го напуштила родното Горажде и со тогашното момче заминала за Швајцарија и изгубила контакт со родителите, а кога се вратила, мислела дека татко и починал во војната.

- Со татко ми не стапив во контакт цели четири години, секој ден се плашев да не му се случило нешто, а мајка ми прво дојде во Србија, од каде што се упати за Шведска. Подоцна и се придружив, рекла Анабела.

Среќа, нејзиниот татко бил жив, па успеала да стапи во контакт со него и сега често го посетува во родното место.