Македонија
27. May 2017 - 17:23

Чествување на јубилејот од возобновувањето на Охридската архиепископија

Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, ќе биде поприште на чествувањето на 50 годишниот јубилеј од возообновувањето на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Прославата започнува во 18 часот со свечената богослужба со која ќе чиноначалствува архиепископот орхидски и македонски г.г. Стефан. По богослужбата ќе биде направен последниот парастос на епископот Велички Гаврил, чие прогласување за светец, утре, во недела, ќе бидее главен церемонијален настан.

- Во 08 часот ќе бидат донесени моштите на епископот Велички Гаврил во соборниот храм „Св. Никола“. После тоа ќе бидат пречекани и архиереите на МПЦ, со што ќе започне и светата архиерејска литургија во 9 часот, на која ќе началствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан-изјави протојереј Николче Ѓорѓев, портпарол на Брегалничката епархија

Светите мошти ќе останат во црквата во текот на целиот ден, за потоа повторно да бидат вратени во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Лесново. Ова е 4-то по ред канонизирање во поновата историја на МПЦ, но за прв пат се прогласува за светец личност која доаѓа од Брегалничката епархија. Делата и чудесата на отец Гаврил се опишани во неговото житие, кое исто така ќе биде објавено во текот на утрешниот ден и ќе биде достапно на пошироката јавност.