Македонија
27. May 2017 - 12:39

Честитка од Заев по повод рамазанските пости

Во чест на почетокот на Рамазанските пости Претседателот на СДСМ Зоран Заев, по повод почетокот на рамазанските пости, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам.

- Го честитам почетокот на овогодинешните Рамазански пости на сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам. Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија. Рамазанските денови на духовно и телесно прочистување нека поттикнат уште посилна волја кон вистинските човекови вредности, хуманоста, меѓусебното почитување и разбирање и нека ја зацврстат определбата за вистина, правда и солидарност како важни темели на нашето заедничко општество, се наведува во честитката.

Продолжуваме, се додава, заедно да градиме едно заеднично општество за сите граѓани, со еднакви шанси за среќа и успех на секој, во економски напредна и просперитетна Македонија.

- Ве повикувам како чесни и одговорни граѓани да продолжиме заедно да ги движиме овие важни процеси за сите граѓани на Република Македонија, наведува Заев во честитката.