Честитка од министерката Шекеринска по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата на Република Македонија и вработени во Министерството за одбрана, по повод Денот на народното востание, денот кога, како што се наведува, македонскиот народ и сите граѓани во Македонија ја покажаа својата волја, одлучност и храброст да се борат за најсветото, слободата.
- Македонија во својата историја многу пати се бореше и се избори за слободата и демократијата. Многу пати бевме на крстосница – дали ќе отидеме во бездна и ќе го изгубиме сето она што сме го создавале со генерации. Но, во сите тие тешки моменти, моменти на неизвесност и ризик, сите заедно, сплотени, без оглед на нашата етничка и верска припадност, успеавме, не само да ја зацврстиме слободата, демократијата, еднаквоста, туку и да ја однесеме на едно повисоко ниво, се посочува во честитката.
Ние и денес, се додава во честитката, со нашето учество во мировните мисии, покажуваме дека ги споделуваме сите вредности и идеали на демократскиот свет и активно учествуваме во напорите на меѓународната заедница за воспоставување на демократијата на глобално ниво.
- Затоа, на овој ден го честитам не само народното востание, туку и будноста и одлучноста на граѓаните на Република Македонија, да ги живеат современите вредности кои и доликуваат на една модерна, европска демократија. Да останеме свесни за сето она што сме го постигнале досега, за сите жртви кои оваа нација ги има дадено и да работиме, напорно и постојано за да ги зачуваме и да ги развиваме слободата, еднаквоста и демократијата, стои во честитката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња