Честитка од Комисијата за односи со верските заедници до МПЦ по повод Св. Климент
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска денеска упати честитка до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и до архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан по повод големиот христијански празник Свети климент Охридски.
- Патронот на нашата Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Свети Климент Охридски е несомнено најсветлата личност од нашата историја, чие дело и слово, зрачи и ги облагородува сите генерации. Неговото творештво, создавањето на кирилицата, како и целокупната негова црковна, педагошка, книжевна и преведувачка дејност, претставуваат светол пример за тоа како се сака и како се чува идентитетот на македонскиот народ, стои во честитката.
Како што пишува Божиновска, силата на ова слово, втемелена во неговиот лик и мисија претставува најцврстиот бедем на спасоносното дело на македонските светители, духовна азбука, која и денес продолжува да биде светла патека по која чекорат многу народи во светот.
- Токму затоа, во овие празнични мигови, во годината кога славиме јубилеј 11 века од неговото упокојување, да ја упатиме големата македонска мисија кон доброто за сите народи, зацврствување на вербата во Бога со големата потврда дека Македонија е и продолжува да биде голем светилник во големото ев¬роп¬ско семејство со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува овој голем светец, наведува директорката во честитката по повод празникот.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово