Македонија
19. January 2018 - 11:06

Честитка од Џафери по повод Водици - Богојавление

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод празникот Богојавление - Водици.

-Ми причинува особена чест од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, и од мое лично име, на сите верници од христијанска вероисповед да им го честитам христијанскиот празник Богојавление – Водици. Овој празник, како и сите други празници, се моменти во кои се сплотуваат луѓето и споделуваат добри мисли, взаемна почит, разбирање и љубов. Нека вашите срца и вашите домови бидат исполнети со духовен мир, семејна топлина и убави желби за напредок во секоја димензија, стои во честитката на Џафери.

Нека е честит и за многу години празникот!