Македонија
1. September 2017 - 8:51

Честитка од Џафери по повод по повод празникот Курбан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во свое лично име и во име на пратениците денеска упати честитка до Исламската верска заедница, до сите муслимански верници и до сите граѓани по повод празникот Курбан Бајрам.

- Празник кој што над се симболизира подавање рака на солидарноста помеѓу луѓето, рака на добрината на оние посреќните кон оние помалку среќните, убавиот збор и човечкото однесување со надеж дека овој благословен ден на Курбан Бајрам ќе не најде сплотени во хармонија, мир и меѓусебно разбирање и ќе ни даде мудрост да ги надминеме разликите во нашето општество кое е изградено врз вредностите на етничкиот, верскиот и културниот диверзитет, со цел земјата да напредува а граѓаните и идните генерации да ги уживаат резултатите од нашиот ангажман, стои во честитката од Џафери.

Претседателот на Собранието на Република Македонија во честитката им посакува на граѓаните да имаат секогаш среќа, мир и добрина во семејствата.