Чешки туристи убиени и ограбени во Албанија
Во друмско разбојништво што синоќа се случило кај градот Дукаѓин, на северот на Албанија, убиени и ограбени се двајца чешки туристи.
Чесити Мишел Сватос (27) и Ана Косинова(36), кампувале во селото Прекал кај Дукаѓини, каде што имало и други чешки туристи-кампери.
Тие синоќа околу 20.30 часот веднаш, по излезот од селото на патот кој води кон Скадар биле пречекани со пукотници од автоматски пушки калашњиков и биле усмртени на самото место. Откако ги ограбиле разбојниците возилото заедно со нивните тела го турнале во бездна, со цел да наликува на сообраќајна несреќа.
Од отпечатоците кои се пронајдени на прозорците од возилото полицијата трага по четворица жители од селото на возраст од 18 до 35 години. Едниот од нив се претпоставува дека бил во возилото изигрувајќи водич.
Овој грозоморе чин видно ја вознемири албанската јавност, посебно во период кога се очекува голем бран на туристи. На местото на настанот синоќа биле високи полициски функционери, а големи полициски сили сеуште го чешлаат теренот барајќи ги разбојниците.
Ова инаку, не е прв трагичен настан кога стнува збор за престојот на чешки туристи во Албанија, кои посебно се водушевуваат на „албанските Алпи“ во северот на земјата. Тројца млади Чеси изчезнаа во 2001 година исто така во ова подрачје и до ден денес не е позната нивната судбина. Во 2012 година тројца чешки туристи беа ограбени во Кукс, додека во мај година животот го загуби чешки турист правејќи рафтинг во реката Кири кај Скадар.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри