Чешката Влада не планира референдум за членството во ЕУ
Чешката Влада не планира никаков референдум што би го довел во прашање членството на Чешка во Европската унија и во НАТО. Членството во овие организации за земјата е гаранција за економска стабилност и безбедност, се вели во соопштението потпишано од владиниот портпарол Мартин Ајрер, јави дописникот на МИА од Прага.
Владата на тој начин реагираше на изјавите на претседателот Милош Земан, кој рече дека не би имал ништо против национален референдум за повлекување на Чешка од Европската унија, иако како што рече самиот би гласал против тоа.
Опозицијата, неговата изјава ја оцени како „напад врз приоритетите на чешката надворешна и одбранбена политика во последната деценија“.
„Долгорочен приоритет на надворешната политика на чешката Влада и национален интерес е да се биде член на ЕУ и НАТО. Стабилна, воздржана и функционална ЕУ е гаранција за понатамошен безбедносен развој на Чешка“, се вели во соопштението.
Според пратениците на коалициската партија, тие поддржуваат разгледување на Закон за референдум, што е во собраниска процедура, но сметаат дека не е добра идеја да се одржи референдум за повлекување на земјата од Европската унија.
Според Земан, изгласување на Законот за национален рефрендум би можело да доведе до гласање на луѓето и за излез од НАТО и за него тоа не е спорно. Сепак, како што изјави, тој би ги кажал своите аргументи зошто во такви организации како НАТО и ЕУ земјата треба да остане како членка.
Законските норми за референдум на државно ниво, кој е испратен од владата уште минатата година би требало да има мнозинство гласови од три петини на пратеници и сенатори во двата дома на Парламентот.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“