Свет
4. August 2017 - 20:16

Чешка: Зголемена референтната каматна стапка првпат од 2008 година

Чешката народна банка ја зголеми референтната каматна стапка за првпат од 2008 година. Со тоа стана првата централна банка во Европската унија што почнува нов циклус заострување на монетарната политика.

Тој потег според оценки на западни медиуми, ја рефлектира се поизразената желба  меѓу европските централни банки да се прекине од ултралабавата монетарна политика по финансиската криза.

Најголем број од нив меѓу кои и Банката на Англија која заседава денеска, не можеа тоа да го направат со оглед на неизвесноста во поглед на економскиот раст и инфлацијата.

Бордот директори на Чешката народна банка гласаше за зголемување на клучната двонеделна стапка на 0,25 отсто од ниво од 0,05 проценти на кое беше од ноември 2012 година.