Ракомет
12. December 2016 - 19:34

Червар со повика за Миркуловски, без СП останаа Ристовски и Јоноски

На подготовките во Маврово од 20.декември Червар ќе тргне со 22 играчи, а репрезентацијата ќе одигра три контролни дуели со Босна и Херцеговијна во Скопје, а само еден од дуелите ќе биде отворен. 

Изоставувањето на голманот Борко Ристовски и на Ацо Јоноски, Червар го напомена дека има емоционално празнење и дека во изминатава декада тие и другите кои ги нема дале многу за македонската репрезентација.

На стартот од подготовките ќе бидат повикани 22 играчи, а ќе доцнат поради клупски обврски Дејан Манасков и Филип Миркуловски.

По новогодишните празници репрезентацијата ќе тренира во Скопје каде и ќе се одиграат дуелите со БиХ.

Македонија за Мец каде ќе ги игра натпреварите од СП ќе патува на 10.јануари, а првиот дуел го игра на 12.јануари против Тунис.