-->
-->
Червар: Мора да одиграме квалитетно на сите нивоа
-->
Македонскиот ракометен вице првак Металург по двата пораза од Монпље во Лигата на шампионите и вчера против Војводина во СЕХА лигата најавува во недела го игра можеби најважниот дуел од Лигата на шампионите во овој дел од сезоната.
Во Скопје гостува турскиот првак Бешикташ, екипа која во првото коло загуби од Спортинг.
- Ова е исклучително важен дуел за нас. Мора да се подобриме во одбраната и мора да играме што ме можно по колективно, дека само така може да стигнеме до позитивен резултат. На моменти играме многу индивидуално и затоа многу се трошиме. Бешкиташ е солиден тим, долго играат заедно, а во нивните редови го имаат и македонскиот репрезентативец Прибак. Со помош на публиката можеме да стигнеме до посакуваната победа., изјави тренерот на Металург Лино Червар.
Дарко Димитриевски истакна дека тимот влегува во натпреварувачки ритам и фактот што играат во недела ќе им овозможи и неколку тренинзи за претстојните дуели.
- Бешкиташ ни е познат ривал особено што оваа екипа играше на турнирот во Струга. За да постигнеме победа потребно е да ги намалиме техничките грешки и да играме подобро во одбраната.
Дуелот Металург - Бешкиташ се игра во недела со почеток во 17 часот во ВИП Арена во СЦ Борис Трајковски, а од екипата на Металург очкуваат заедно со своите верни навивачи да ја прослават првата победа во ЛШ во новата сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија