Ракомет
21. October 2016 - 15:33

Червар го објави спискот играчи за дуелите со Украина и со Чешка

Селекторот на машка ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави поширокиот список на ракометари за натпреварите против Украина и Чешка во рамки на квалификациите за ЕП Хрватска 2018.
На списокот се наоѓаат 28 играчи, а Червар дополнително ќе го скрати списокот.
Натпреварот против Украина ќе се одигра во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 2.ноември со почеток од 18:30 часот, додека на 5 ноември Македонија и гостува на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.