Ракомет
16. January 2017 - 20:17

Червар: Бевме надиграни од Словенија

Македонската ракометна репрезентација попладнево го претрпе првиот пораз на шампионатот во Франција загубивме од Словенија со 29:22. По дуелот селекторот Лино Червар истакна:
-  Денеска бевме надиграни од селекцијата на Словенија. Самиот почеток за нас беше лош и дури исклучувањето над Миркуловски требаше да биде црвен картон. Ние бевме слаби, а тие играа поборбено. Имавме ритам кој не ни одговараше, тие беа потрпеливи во нападот. Ја менувавме зоната, но немаше ефект. Во првиот дел особено бевме лоши во нападот и затоа поразот беше неизбежен. Имаме уште два натпревара и треба да се мобилизираме и Миркуловски да оздраве.