Фудбал
19. September 2015 - 15:49

Челзи со 2-0 го доби дербито против Арсенал

Екипата на Челзи славеше победа со 2-0 против Арсенал во дерби натпреварот од 6.коло на англиската Премиер лига.
 
Лондонското дерби „Топџиите’’ го завршија со двајца играчи помалку откако Габриел Паулиста во 40-минута, заработи директен црвен картон, а Санти Казорла со 79-минута го заработи второт жолт (автоматски црвен картон) кај Арсенал.
 
Головите за Челзи ги постигнаа Курт Зума (50-минута) и 2:0 Еден Азар (90).
 
Останатите двојки од оваа рунда се: 
 
сабота
Свонси Сити - Евертон  
Стоук Сити - Лестер 
Њукасл Јунајтед - Ватфорд 
Астон Вила - Вест Бромвич Албион 
Бурнемут - Сандерленд  
Манчестер Сити - Вест Хем (18:30 часот)
недела
Тотенхем - Кристал Палас
Ливерпул - Норвич 
Саутемптон - Манчестер Јунајтед