Фудбал
13. February 2018 - 11:16

Челзи славеше против ВБА

По неколкуте слаби резултати фудбалерите на Челзи се вратија на победите и славеа убедливо со 3-0 против Вест Бромвич Албион со што ја продолжуваат трката за излез во Лигата на шампионите.
Азар беше јунакот на домаќините со два погодоци додека еден постигна Мозес.
Лондонскиот тим изби на 4. место со бод повеќе од Тотенхем и бод помалку од третопласираниот Ливерпул додека ВБА останува на дното со 20 бода.